Дома Фудбал Ибрахимовиќ му ги покажа вратите на Лука и рече: „Нема вака тука, додека сум јас овде“

Ибрахимовиќ му ги покажа вратите на Лука и рече: „Нема вака тука, додека сум јас овде“

Додека во Милано интензивно се работи на продолжување на договорот со капитенот на Хрватска Лука Модриќ, една приказна од не толку далечното минато повторно исплива на површина и има сосема поинаков епилог.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На Модриќ договорот со AC Milan му истекува на крајот од јуни, но во клубот не сакаат ниту да чујат за разделба. Хрватскиот маестро ги воодушеви сите, од соиграчите до управата, со неговите игри, професионализмот и харизмата.

Во Милано се решителни: сакаат да го задржат, дури и ако тоа значи дека ќе ги предводи Росонерите на 42 години.

Клучна улога во преговорите има советникот на сопственикот на клубот Златан Ибрахимовиќ, човек чиј збор има огромна тежина кога станува збор за трансфери.

И додека сега се бара начин како да се „врзе“ Модриќ со нов договор, ситуацијата пред неполни две години беше сосема поинаква кога стануваше збор за неговиот имењак – Лука Јовиќ.

Италијанските медиуми тогаш пишуваа дека Јовиќ нема поддршка од Златан Ибрахимовиќ, кој се спротивставуваше на продолжувањето на соработката.

На крајот се покажа дека пишувањата беа точни, Милан кажа „не“, а Јовиќ ги спакува куферите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико со одговор до Алварез и Барселона: Може, но за половина милијарда евра

АРГЕНТИНСКИОТ напаѓач Џулијан Алварез (26), кој е објект на интерес на Арсенал, Барселона …