Чудесната игра на Кристиано Роналдо во натпреварот против Атлетико Мадрид ги воодушеви апсолутно сите.
Фантастичениот Португалец постигна хет-трик во победата од 3:0 и така го одведе Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа шпанските медиуми не се помируваат со фактот дека „старата дама“ помина во следната фаза. Во медиумите најмногу се коментираше пеналот над Бернардески во финишот кој Роналдо го претвори во погодокот, а сега Шпанците објавија видео во кое тврдат дека топката при вториот гол воопшто не ја поминала гол-линијата.
После ударот на Роналдо со глава голманот Јан Облак интервенираше, но судијата Бојрн Кјуперс покажа кон центарот откако доби сигнал од технологијата дека топката ја минала гол-линијата.
Во видеото кое се појави на друштвените мрежи се тврди дека има некои недостатоци во системот на гол-технлогијата и дека топката всушност не ја поминала линијата после ударот на Роналдо.
Се тврди дека линијата која била на нацртана на екраните била потенка отколку што треба да биде и дека границите на топката се неточни.
Поради тоа во Шпанија се тврди дека топката не ја поминала гол-линијата и Јувентус не требало да поведе со 2:0.
Како краторите на оваа теорија гледаат на оваа ситуација погледнете во видеото, но очигледно во Шпанија не можат да се помират со елиминацијата на Атлетико Мадрид.