Дома Фудбал Шпанските медиуми: Мбапе остана во сенка на 18-годишникот

Шпанските медиуми: Мбапе остана во сенка на 18-годишникот

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе одигра два првенствени натпревари за Реал Мадрид оваа сезона, но се уште нема постигнато гол.

Имаше многу шанси кои не ги искористи, а не беа особено силни ниту противниците. Реал освои само бод против Мајорка, а победи во второто коло против Ваљадолид.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Настапите на Мбапе ги коментираа шпанските медиуми кои ден по натпреварот напишаа дека 18-годишниот Ендрик го украл вниманието на француската ѕвезда. Бразилскиот напаѓач погоди против Ваљадолид во судиското надополнување на вториот дел за конечни 3:0.

Шпанските медиуми потенцираат и дека овој меч, прв на „Сантијаго Бернабеу“ требаше да биде прилика на Мбапе да ги прикаже своите можности во најдобро светло. Тие го обвинуваат Мбапе за тоа што ги пропушти сите шанси што ги доби. Ендрик, пак, постигна гол иако на теренот мина само 11 минути и упати само еден удар.

Очекувањата од Мбапе се многу поголеми отколку од 18-годишниот Ендрик, кој летово дојде во Реал. Французинот е познат како еден од најдобрите играчи во светот, но ова е негов прв пат да игра надвор од француската лига.

Тој постигна гол за Реал на натпреварот од Суперкупот на Европа против Аталанта, но навивачите на Реал и шпанските медиуми имаат огромни очекувања, а францускиот напаѓач наскоро ќе мора да постигне уште голови за да ги задоволи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…