Барселона денес и официјално потврди дека Карлес Перес, кој е дете на клубот ставил потпис на нов договор и ќе остане на „Камп Ноу“ до 2022 година. Актуелниот договор на 21-годишниот крилен фудбалер истекуваше идното лето, па Барселона побрза да му понуди продолжување на соработката. Перес со своите игри покажа дека заслужува да го носи дресот на славниот каталонски клуб. …