Дома Фудбал Реакција од првиот човек на Атлетико: Луѓе, да бидеме сериозни, ја ќе ви ги дадам тие 300 евра!

Реакција од првиот човек на Атлетико: Луѓе, да бидеме сериозни, ја ќе ви ги дадам тие 300 евра!

Стигна реакцијата од Атлетико поради премногу малата казна која и беше дадена на Барселона.

Барселона доби казна од 300 евра поради преговарањето со Гризман без дозвола на Атлетико Мадрид уште во март минатата сезоната. Тогаш Каталонците му ветиле премија од 14 милиони евра премија за потпис на договорот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во тој момент (кога се воделе преговорите) клазулата на Гризман изнесуваше 200 милиони евра, а Барса која претходно се договорила чекаше да падне на 120 па да го откупи Французинот. Управата на Атлетико бараше да им бидат исплатени дополните 80 милиони евра.

На крајот Барса е казнета со симболични 300 евра на која дури и ќе се жалат.

По повод целата ситуација се огласи и првиот човек на Атлетико Мадрид, Енрико Серезо.

„Ма дајте луѓе, да бидеме сериозно, јас ќе ви ги дадам тие 300 евра. Тоа не е нормално, постојат правила и тие треба да се почитуваат“, изјави Серезо.

Сепак и му посака на Гризман се најдобро.

„Му посакувам навивачите да го третираат онака како што беше тука третиран и да ужива. Секој може да се однесува како сака, не се сомневајте дека ќе се поздравиме ако се видиме“, порача првиот човек на Атлетико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двајца кандидати за клупата на Челзи

Челзи денес и официјално се раздели со тренерот Маурисио Поетино и ја започна порагата по …