Дома Трансфер зона Дани Алвес: Само е прашање на време кога Нејмар ќе се врати во Барселона

Дани Алвес: Само е прашање на време кога Нејмар ќе се врати во Барселона

Бразилскиот фудбалер Нејмар ова лето беше главна мета на шпекулации во преодниот рок.

Многумина веруваа дека Нејмар ќе го напушти ПСЖ и после две години ќе се врати во Барселона, но на крајот до тоа не дојде. Барса праќаше понуди за Бразилецот, но Парижаните секогаш ги одбиваа и одлучија Нејмар да остане и покрај тоа што и тој самиот инсистираше да се врати на Камп Ноу.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сепак, Нејмар на крајот остана во ПСЖ, каде е на голем удар од навивачите на овој клуб, кои не сакаат да му простат за барањето да го напушти клубот.

Оваа сага со сигурност ќе продолжи и во наредните предони рокови, а за тоа е сигурен и Дани Алвес. Поранешниот играч на ПСЖ изјави дека Нејмар сигурно еден ден ќе се врати во Барса и дека тоа е клубот каде ќе му биде најдобро.

„Сигурен сум дека Нејмар може да се врати во Барселона ако тоа го посака. Неговата среќа и натаму е во Барселона. Мислам дека треба да го напушти ПСЖ и да се врати на Камп Ноу. Неговото враќање е само прашање на време.“ – изјави Алвес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ спреми богати понуди за две ѕвезди од Серија А

ПСЖ веќе ја започна потрагата по замена за Килијан Мбапе, кој ова лето ќе го напушти клубо…