Дома Фудбал Нејмар и Барселона не се спогодија, ќе решава судот!

Нејмар и Барселона не се спогодија, ќе решава судот!

Барселона и Нејмар не успеаа да најдат заеднички јазик за спорот, па сега целиот случај ќе се префрли на суд.

Ова го открија адвокатите на каталонскиот клуб после последната средба со претставниците на Нејмар, која беше денес во Барселона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Како што е познато, напаѓачот на ПСЖ бара бившиот клуб да му исплати 26 милиони евра. Бразилецот го тужи каталонскиот клуб за неисплаќање на целосната сума од бонусот, кој според клаузулата му следувал. Според договорот Нејмар требало да добие 40 милиони евра како бонус за „лојалност“ за веќе одработениот договор, кој имаше важност до 2022 година.

На 2-ри август 2017 година Нејмар ја откупи клаузулата вредна 222 милиони евра, за да се пресели во Пари Сент Жермен. огаш Бразилецот доби 16 милиони евра од споменатите 40, па сега од клубот бара да му бидат исплатени останатите 26 милиони евра.

Денес двете страни имаа средба и не ја искористија можноста да се договорат надвор од судот, па сега за целиот случај ќе одлучува судот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рикелме: Тони Крос е нешто најблиску до Роџер Федерер што сум го видел

Германскиот фудбалер Тони Крос ненадејно реши да ја заврши кариерата на 35 години. Одлични…