Македонската репрезентација не игра на своето ниво во натпреварот против Шпанија.
„Црвената Фурија“ на стартот од средбата успеа да стигне и предност од 1:6, додека Македонија дури во 14 минута од натпреварот го постигна првиот гол од игра и тоа преку Дејан Манасков за 3:7, претходните два погодоци ги постигнавме со удари од седум метри. Потоа во 11 минута од натпреварот можеби се случи и клучниот момент на натпреварот, се повреди Кире Лазаров кој до крајот на натпреварот не влезе во игра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во овој период од натпревар за наша среќа го имавме одличниот Борко Ристовски кој запиша четири интервенции во првите 15 минути.
Вo следните минути Ристовски продолжи со одличните одбрани, но за жал не функционираше нападот, па и покрај одбраните на нашиот прв голман Шпанија повторно стигна до шест погодоци предност, 11:5 на седум минути до крајот на полувремето.
До крајот на полувремето Шпанија само ја зголемуваше предноста, па на полувреме се заминавме со негатива од 15:6.
Вторите 30 минути Раул ги започна со Митревски на голот, а во 32 минута на теренот го имавме најмладиот тим во досегашниот дел од првенство, шанса доби и ракометарот на Металург, Мартин Поповски.
Во 40 минута од средбата Шпанија стигна и до 10 гола предност, 20:10. Мора да се истакне и залагањето на „фалангата“ која и покрај големата негатива ја даваше поддршката за ракометарите.
Како што одминуваше времето, Раул како свесно да ги одмараше силите за следните два натпревари против Чешка и Данска, па така работите не менуваа и „фуријата“ запиша убедлива од победа од 11 голови разлика 31:20.
Најефикасни во нашите редови беа Стојанче Стаилов и Манасков со четири погодоци.