Дома Луд Спорт Шок: Турски фудбалер призна дека го убил 5-годишниот син!

Шок: Турски фудбалер призна дека го убил 5-годишниот син!

Страшна трагедија се случила во болница во Бурса, откако соиграчот на Јани Атанасов од Бурсаспор, Сехер Токташ призна дека си го убил сопствениот син.

Токташ на 23 април бил хоспитализиран заедно со 5 годишниот син на кој му бил дијагностициран коронавирусот. Двајцата биле на одделението за интензивна нега и неколку часа по приемот детето починало.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Токташ самиот се пријавил во полиција единаесет дена по убиството, откако претходно успеал да ги излаже лекарите со причините за смртта. Тој признал дека убиството го извршил во болница, задушувајќи го синот со перница.

„Му ставив преница на лицето, тој лежеше на грб. Притискав по перницата 15 минути а мојот син цело време се бореше. Кога престана да дише, ја тргнав перницата. Тогаш почнав да викам по лекарите за да спречам некој да се сомнева во мене“, изјави Сехер Токташ.

„Никогаш не го сакав мојот најмлад син од неговото раѓање. Не можам да објаснам зошто не го сакав. Единствената причина зошто го убив е затоа што не го сакав, но немам некоја ментална болест“, додаде 31-годишниот фудбалер на Бурсаспор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …