Малку фалеше хокеарски дуел помеѓу Сент Луис Блуз и Анахем Дакс во рамки на американската хокеарска лига (НХЛ) да има трагичен крај откако искусниот хокеар на Сент Луис, Џеј Боумистер, кој доживеал срцев удар на теренот.
36-годишниот хокеар се паднал од клупата за резерви по само пет минути минати во игра. Џеј паднал и останал да лежи крај клупата за резерви.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неговите соичрачи веднаш реагирале и побарале помош. Лекарите на двата тима реагирале и почнале со реанимација, додека хокеарите на двата тима започнаа да се молат за животот на Боумистер.
Натпреварот бил прекинат се додека му се укажувала помош на хокеарот. Потоа Џеј во возило на итната помош бил пренесен во болница, сега 36 годишниот Боумистер се рехабилитира од срцевиот удар и се наоѓа надвор од животна опасност.
Хокеарот на Сент Луис инаку е ветеран на НХЛ, Џеј има долга кариера во најсилната светска лига и настапувал и за екипите на Флорида, Калгари, веќе осум години е во Сент Луис.
Со репрезентацијата на Канада, Боумистер има две титули светски шампион и едно злато од Олимписките игри во Сочи во 2014 година.