Дома Македонски спорт ШОК: Младинците поразени од Гибралтар! (Видео)

ШОК: Младинците поразени од Гибралтар! (Видео)

После одличната игра и победата на сениорската репрезентација на Македонија во натпреварот против Лихтенштајн, денес на огромно изненадување на целата македонска фудбалска јавноста селекцијата до 21 година запиша пораз од репрезентацијата на Гибралтер.

Шокатниот денешен пораз од Гибралтар беше втор за нашите младинци во квалификациите за Европското првенство во 2019 година. Македонија на стартот ја совлада Ерменија, па загуби од Србија, а денес следуваше вистински шок.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Овој пораз на Македонија сигурно ќе биде едно од најголемите изненадувања во денешните натпревари, пред овој натпревар нашиот противник имаше серија од пет порази во низа, прими 14 голови, а не постигна ниту еден.

Голот на одлука во денешниот натпревар го постигна Торилија после околу еден час игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Модриќ го прашаа што му е омилено во Америка – неговиот одговор ги изнасмеа сите (Видео)

Легендата на хрватската репрезентација и Реал Мадрид, Лука Модриќ, успешно ја помина групн…