Дома Останати Тенис Шок за Шпанците: Надал и Алкараз се откажаа од турнирот во Монте Карло

Шок за Шпанците: Надал и Алкараз се откажаа од турнирот во Монте Карло

Шпанските тенисери, Рафаел Надал и Карлос Алкараз, потврдија дека нема да учествуваат на турнирот во Монте Карло.

Алкараз во кариерата во Монако настапи само минатата година кога во второто коло беше елиминиран од Себастијан Корде.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„По два месеци поминати во странство, среќен сум што се вратив дома, но и тажен затоа што во последниот меч во Мајами се соочива со физички непријатности. По мечот го посетив својот доктор во Мурсија каде што направив преглед. За жал нема да бидам во можност да патувам во Монте Карло и да играм на турнирот“, објави Алкараз.

Пред него се повлече и Рафаел Надал, а нема да настапи ниту Феликс Оже-Алијасим. Откажувањето на Алкараз значи дека Ѓоковиќ сигурно ќе остане на врвот на АТП, најмалку до турнирот во Барселона кој се игра на 16-ти април.

Титулата во Монте Карло ќе ја брани грчкиот тенисер Стефанос Циципас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз и Синер одиграа ревијален натпревар и за 108 минути заработија по два милиони евра

Карлос Алкараз и Јаник Синер одиграа ревијален тениски натпревар во Сеул каде што за само …