Дома Фудбал Репрезентации Шок за Хрватите: Талентираниот фудбалер ја избра Германија!

Шок за Хрватите: Талентираниот фудбалер ја избра Германија!

Хрватската спортска јавност е изненадена откако одличниот Борна Соса одлучил да настапува за селекцијата на Германија.

Како што објавија медиумите во Хрватска Соса кој игра за Штутгарт имал двојно државјанство. Германскиот сојуз брзо реагирал и решил се, а нивна предност било што мајката на фудбалерот е родена во Берлин.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Соса оваа сезона игра одлично во Штутугарт и на 25 натпревари собра 10 асистенции.

До сега 19 пати го носеше дресот на младата репрезентација на Хрватска, па сениорската репрезентација можеше да ја промени. Сега добро информираниот „Билд“ објави дека Соса дефинитивно донел одлука да го облече дресот на Германија.

„Билд“ објави дека Соса се наоѓа на поширокиот список играчи на германската репрезентација и има шанси да добие повик за Европското првенство.

Неодамна Соса се поврзуваше со трансфер во Баерн Минхен, а неговата цена во овој момент е околу 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Лапорта договорил голем трансфер: Барселона добива засилување од Германија

Сè повеќе се шпекулира дека Барселона веќе го завршила својот прв трансфер за новата сезон…