Дома Фудбал Шок за Арсенал: Одегард заработи тешка повреда, врескаше од болка

Шок за Арсенал: Одегард заработи тешка повреда, врескаше од болка

Капитенот на норвешката репрезентација и Арсенал, Мартин Одегард се здоби со тешка повреда.

Се играше 64. минута на натпреварот меѓу Норвешка и Австрија во Осло кога при резултат 1:1, по дуелот со гостинскиот играч Кристоф Баумгартнер, „десетката“ на домашниот тим Мартин Одегард падна на земја и се фати за главата.

На прв поглед се чини дека станува збор за посериозна повреда на коленото. Најдобриот играч на норвешката селекција лежеше и буквално врескаше од болка.

Тој на крајот со помош на лекарскиот тим го напушти теренот.

Англиските медиуми панично ја пренесоа оваа вест, бидејќи „Топчиите“ веќе имаат големо дерби во Северен Лондон против Тотенхем во недела, а менаџерот Микел Артета не може да смета на суспендираниот Деклан Рајс, како и на повреденото засилување од Шпанија, Микел Мерино. Како што стојат работите сега и без Мартин Одегард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвезда на Барселона по разговорот со Флик веднаш го повикала својот агент

Манчестер Јунајтед продолжува да бара нов лев бек, а откако неколку претходни опции станаа…