Дома Македонски спорт Шкендија после пенал рулетот остана без пласман во плеј-офот

Шкендија после пенал рулетот остана без пласман во плеј-офот

Шкендија иако имаше добри прилики сепак остана без пласман во плеј-офот. Денес во Скопје по 90 минути и продолженијата стоеше истиот резултат од првиот натпревар 1:1, а шведскиот претставник беше подобар во пенал рулетот.

Натпреварот тргна отворено со шанси и на двете страни, двата голмани брзо забележаа по неколку интервенции. Таквата игра придонесе резултатот да биде отворен после 20 минути игра. Од белата точка стрелец на голот беше Ферхан Хасани.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Отворената игра продолжи и понатаму, а Ајари во 56. минута стрелаше за изедначување. Иако и до крајот на мечот и во продолженијата видовме уште неколку прилики сепак резултатот не се промени и победникот се решаваше со изведуваење на пенали.

Таму повеќе среќа имаа гостите од Шведска кои го добија пенал рулетот со 2:3. Кај Шкендија промашуваа Дита, Дориев и стрелецот во регуларниот дел Хасани. Во редовите на АИК не реализираа Ларсон и Ринг.

Ќе потсетиме после оваа елиманиција на Шкендија, Шкупи останува единствен македонски претставник во Европа. Чаирчани после елиминацијата од квалификациите во Лигата на Европа продолжуваат во плеј-офот за Конференциската лига.

Фото: ФК Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…