Вториот голман на македонската фудбалска репрезентација, Дамјан Шишковски денес беше присутен на прес-конференцијата за македонските новинари.
Шишковски посочи дека репрезентацијата нема притисок и верува дека силната мотивација ќе биде доволна за добар старт на турнирот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во недела сите ќе бидеме мотивирани, не е важно кој ќе игра, кој ќе биде на клупа. За мене добар резултат ќе биде победа со Австрија. Австрија два пати не победи во блиското минато, иако изгубивме со 1:4 во Скопје мислам дека многу научивме од тој натпревар. Сега не чека еден поинаков дуел, започнуваме од нула, а секој натпревар е различен“.
Смета дека натпреварот ќе го решаваат детали.
„Многу ќе одлучува одбраната, но мислам дека ќе решаваат детали. Се надевам дека Австрија ќе згреши, а ние ќе го казниме тоа. Физички се силни и играат германски фудбал, знаеме дека ќе бидат опасни на прекини. Ќе бидеме фокусирани за да немаме проблеми во одбраната“, изјави Шишковски.