Вардар денес изгуби од Монплеје, а после натпреварот Иван Чупиќ во неколку минути раскажа колку е тешка ситуацијата во клубот.
„Во последно време не играме добро и тоа е затоа што не можеме да одработиме квалитетен тренинг, немаме доволен ростер. Играме се до 40-45 минута, а тогаш проблемите излегуваат на површината. Веќе некое време тренираме со 5-6 играчи, тука се повредите, но и вирусот…Ни недостасува „она нешто“ кое е потребно во Лигата на шампионите, ние играме колку што можеме и тоа е тоа.“
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Денес до 52-53 минута мислам дека бевме конурентни, но потоа тие направија промени и играчите од клупата ја направија разлика. Токму тоа е она што ни фали на нас. Ние сакаме, ние играме, ние сме победници, сепак сега сме шести во групата и мислам дека тоа е реалноста на Вардар во овој момент. Едноставно во спортот работата е таква – колку пари толку музика. Во последните три натпревари изгледавме подобро и тоа веројатно е благодарение на Кизиќ кој е фантастичен.“.
На крајот и призна дека сите и покрај сите проблеми го сонуваат Келн (фајнал фор) и оваа година.
„Јас сакам да одам со овој тим во Келн, сите го сонуваме тоа, реално е тешко. Сепак, ние додека не изгубиме нема да се предададеме. Ќе признаам денес не изгуби Вардар, изгубив јас. Промашив зицери со кои можевме да победиме“