Вардар вчера изгуби од Веспрем во финалето од СЕХА лигата, а во еден од тајм-аутите Иван Чупиќ влезе во конфликт со Стевче Алушовски.
Чупиќ му посочи на Алушовски дека „20 минути ги моли одредени играчи да играат“. Алушовски му одговои дека „не ги моли туку само им сугерира што треба да прават“. На тоа Чупиќ возврати „тогаш нека одат во соблекувална, што да правам јас“.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Ова се случи кон крајот на првиот дел, а второто полувреме Чупиќ цело го преседе на клупата. Навистина тешко е да се каже дека Чупиќ не бил потребен цело полувреме.