Дома Македонски спорт Мак ракомет Чупиќ: Без плата се навикнавме, но не и без овој Вардар!

Чупиќ: Без плата се навикнавме, но не и без овој Вардар!

Вардар е во финансиска криза и тоа веќе им е на сите јасно, сепак против Мотор ракометарите покажаа дека можат да соберат сили да одиграат на едно високо ниво.

Пред вториот натпревар во овој втор дел од сезоната и претпоследен во групната фаза против Порто на гостински терен, Иван Чупиќ зборуваше за ситуацијата и како што кажа не е првпат во Вардар да има вакви проблеми.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Се разбира дека не е идеално за нас да играме без плата, тоа не е новост и не се случува првпат. Најважно ми е што моето семејство е добро. Некој оди во градинка, некој на училиште, некој игра ракомет…Се навикнавме да нема пари, можеме да преживееме без плата, но не и без Вардар“, изјави Чупиќ.

Чупиќ откри и дека имале состанок со Самсонеко и Михајло Михајловиски и дека повеќе работи ќе се знаат до крајот на месецот. Најважно е што и тој како и Стоилов на прес-конференцијата пред Мотор потврди дека тие што останале, остануваат сигурно до крајот на сезоната.

„Ние што сме тука и навивачите не сме се откажале, сметам дека до крајот на сезоната нови заминувања нема да има. Имавме еден состанок со Самсоненко и Михајло Михајловиски, ни кажаа дека повеќе ќе се знае до крајот на овој месец. Што точно, не знам ниту јас. Како и да е јас сум тука до крајот на сезоната мислам дека така размислуваат ио станатите. Навистина сакам работите да се стабилизираат, но сега не знам ништо повеќе“, изјави хрватскиот ракометар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…