Дома Фудбал Останато Чудо во Париз: ПСЖ елиминиран, Гуингамп со добиени три пенали направи пресврт! (ВИДЕО)

Чудо во Париз: ПСЖ елиминиран, Гуингамп со добиени три пенали направи пресврт! (ВИДЕО)

guingamp

Вчеравечер во францускиот куп мало чудо направи екипата на Гуингамп.

Овој тим успеа да го елиминира моќниот тим на ПСЖ од францускиот Лига Куп и тоа откако го победи со 2:1.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Првото полувреме на овој натпревар не донесе големи возбудувања. ПСЖ напаѓаше, но не создаваше кој знае какви шанси, па на полувреме се замина без погодоци.

Сепак, во продолжение гледавме вистинско шоу. Се започна во 61-та минута кога гостите го добија првиот пенал на натпревар, но Турам не го претвори во погодок. Само две минути стигна казна, погоди Нејмар.

Тогаш изгледаше дека ПСЖ конечно го скршил отпорот на Гунингамп, но гостите девет минути подоцна добиваат нов пенал. Овој пат сигурен од белата точка беше Н’Гбакото за 1:1. Кога

се мислеше дека ќе гледаме пенали во судиското продолжение Бастиен досудува уште еден пенал во корист за Гуингамп. Повторно одговорноста ја превзема Турам, но овој пат за разлика од првиот пат беше прецизен.

На овој начин беше прекината низата од дури 49 победи на ПСЖ во домашните куп натпреварувања.

https://www.youtube.com/watch?v=ipDxsC3ZPGM

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Олимпијакос ја освои Конференциската лига со гол во 116. минута (ВИДЕО)

Фудбалерите на Олимпијакос дојдоа до пехарот во Конференциската лига, откако на стадионот …