Вчера Манчестер Сити беше голем фаворит во четвртфиналето против Лион, меѓутоа на крајот францускиот тим славеше победа со 3:1 и се избори за полуфинале против Баерн.
„Граѓаните“ не одиграа ниту блиску како против Реал Мадрид и може да се каже дека заслужено беа елиминирани.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По елиминацијата на британскиот „Goal“ се појави карикатура од Јаја Туре кој прави вуди магии врз Пеп Гвардиола и Манчестер Сити. Истата се појави поради изјавата на неговиот агент Димитри Селук во 2018 година.
Еве што изјави тогаш Селук поради односот на Гвардиола кон Туре.
„Бог гледа се. Сите гледаат што Пеп направи со Јаја кој иако е легенда на клубот поради него не доби шанса да излезе на теренот. На тој начин ја сврте цела Африка против себе. Сигурен сум дека многу африкански шамани нема да му дозволат да ја освои Лигата на шампионите. Тоа ќе биде како африканска клетва за Гвардиола и времето ќе покаже дали имам право или не“, гласеше изјавата на Селук.
— Dimitry Seluk (@dmitriseluk) June 6, 2018