Дома Фудбал Репрезентации Човекот кој освои Европско првенство со Португалија е нов селектор на Азербејџан

Човекот кој освои Европско првенство со Португалија е нов селектор на Азербејџан

Поранешниот селектор на Португалија, Фернандо Сантош е нов селектор на репрезентацијата на Азербејџан.

Сантош беше европски шампион со Португалија во 2016 година, а целта на 69-годишникот на новата работа ќе биде да го однесе Азербејџан на Европско првенство за прв пат во историјата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сантош важи за еден од најзначајните тренери во Португалија, ги водеше трите португалски гиганти Бенфика, Спортинг и Порто, а селекторот на репрезентацијата беше од 2014 до 2022 година.

Последната работа на искусниот тренер беше во турски Бешикташ, каде што доби отказ кон средината на април годинава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…