Meксиканскиот фудбалер, Хавиер Хернандез најпознат како Чичарито по 14 години се врати во Чивас, клубот каде што ја започна професионалната кариера.
Чичарито потпиша договор со овој клуб со важност до 2024 година. Дресот на Чивас, Чичарито го носеше од 2006 до 2009 година и во тој период одигра 79 натпревари. Одличните настапи на Мексиканецот беа забележани од легендарниот Сер Алекс Фергусон кој го доведе во Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Токму Фергусон преку социјалните мрежи на Манчестер Јунајтед испрати порака до Чичарито по неговот овраќање во татковината.
„Прво сакам да ти честитам за враќањето во твојот поранешен клуб во Мексико каде што започна, онаму каде што те најдов. Потпишав со тебе зошто беше фантастичен играч, имаше одлична кариера. Сега кога ќе се вратиш можеш да го пренесеш искуството на сите играчи таму. Уживај и постигнувај многу голови. Ти посакувам се најдобро“, гласи пораката на славниот Ферги.
Always classy, Sir Alex 🫶
— Manchester United (@ManUtd) January 24, 2024
A heartfelt message for @CH14_ ahead of his return to his hometown club @Chivas 🇲🇽#MUFC || #HO14CHICHARITO
Секако дека пораката од Фергусон има посебно значење за Чичарито.
„Немам зборови со кои можам да опишам колку многу ми значите. Тоа што бев твој играч е едно од моите најголеми достигнувања. Ти благодарам тебе и на моето второ семејство, Манчестер Јунајтед. Ќе го сакам Јунајтед засекогаш“, изјави Чичарито.
Во Манчестер Јунајтед, Чичарито помина пет години, а подоцна играше за Реал Мадрид, Баер Леверкузен, Вест Хем, Севиља и Лос Анџелес Галакси. Дресот на мексиканската репрезентација го носеше од 2009 до 2019 година и во тој период на 109 натпревари постигна 52 гола.