Дома Фудбал Останато Чеферин: Не чека спектакл во Катар, но се надевам дека повеќе нема да има Мундијал во зимски период

Чеферин: Не чека спектакл во Катар, но се надевам дека повеќе нема да има Мундијал во зимски период

Првиот човек на Европскиот фудбал, Александар Чеферин порача дека не му се допаѓа организацијата на Светското првенство во зимски период како што е сега случај во Катар.

Претседателот на Европската куќа на фудбалот порача дека очекува одлична организација од страна на Катар, меѓутоа смета дека ваква ситуација не треба да има во иднина.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Не се сомневам дека Светското првенство ќе биде одлично организирано, но се надевам дека повеќе нема да се игра Мундијал на зима. Не чека спектакл и одличен месец за фудбалот, а очекува повторно европска селекција да го освои првенството, иако Бразил и Аргентина имаат силни селекции“, изјави Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трамп за учеството на Иран на Мундијалот 2026: Не мислам дека е паметно да бидат тука

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека иранскиот фудбалски тим е добредо…