Зинедин Зидан веќе ја засили одбраната на Реал Мадрид со дефанзивецот на Порто, Едер Милитао за 50 милиони евра и сега е во потрага по напаѓачка ѕвезда која барем до некаде ќе го замени Кристиано Роналдо.
Очекувањата се таа ѕвезда да биде Еден Азар, 28 годишниот Белгиец од Челзи кој сам призна дека Зинедин Зидан е негов фудбалски идол, а прит тоа ги цени и неговите тренерски квалитети.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Проблем за Реал Мадрид е оштетата.
Пред неколку дена се појави вест дека Реал Мадрид ја испратил првата понуда на адреса на „сините“ која изнесувала 82 милиони евра. Сега се појави дополнување на оваа вест во која се тврди дека од Челзи ја одбиле оваа понуда.
Такво нешто и беше очекувано затоа што таа сума едноставно е премала за фудбалер со квалитетите на Азар. Според информациите од Челзи на Реал му порачале дека ќе мораат да издвојат 115 милиони евра ако го сакаат потписот на Азар.
Потенцијален трансфер на Азар по таа цена би бил рекорден и најскап во историјата на клубот. Најголема сума Реал Мадрид досега издвоил за Герет Бејл, 101 милион евра.
Белгиецот во овој момент изгледа како единствена достапна опција од листата желби на која се наоѓаат уште и играчи како Нејмар и Килијан Мбапе.
Chelsea reject Real Madrid’s ‘insufficient first bid’ for Eden Hazard.
The door is open for further negotiations. Chelsea want no less than €115m for the Belgian. Deal inevitable (HLN) pic.twitter.com/ufUiFOcADk
— Simon Phillips (@SiPhillipsSport) March 18, 2019