Челзи има сериозни финансиски проблеми и ќе мора на лето да прави „чистка“ откако беше објавено дека лубот има долг од над 121 милиони фунти.
Челзи ќе биде поставен пред сериозен предизвик бидејќи ќе мора брзо да ја наполни касата. Челзи има општа загуба од 274 милиони фунти во последните три сезони, но успеа да избалансира со нови 105 милиони во касата и сега постепено ќе мора да ја санира „дупката“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, поради тоа клубот од „Стенфорд Бриџ“ ќе мора да направи приходи до 30 јуни, за да ја затвори финансиската година со што помал минус.
Поради тоа Челзи на трансфер листа ќе стави неколку ѕвезди како Мејсон Маунт, Тревор Чалоба, Хадсон-Одои, Рубен Лофтус-Чик, а исто така на трасфер листа се и Матео Ковачиќ, Хаким Зијех, Кристијан Пулишиќ и голманот Менди.
Со продажбата на овие играчи се очекува Челзи да направи голема заработка, за да може клубот да биде активен на летниот трансфер пазар.