Aријан Адеми вчера одигра одличен натпревар во дербито против Хајдук (ТУКА) и беше стрелец и асистент на првите два гола, а пред натпреварот во текот на денот се појави информација дека е пред трансфер во Кина (ТУКА)
Тренерот Анте Чачиќ претходно секогаш беше убеден дека Адеми ќе остане во Динамо, сега иако изјави дека не знае за понудата на Адеми и дознал од медиумите, сепак не беше така сигурен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Преодниот рок во Кина е отворен до 7-ми април и Чачиќ е свесен.
„Адеми во Кина? Тоа го прочитав во медиумите, знам дека преодниот рок во Кина е отворен до април, а нормално е нашите фудбалери да бидат интересни за други клубови и да се поврзуваат со можен трансфер. Не знам ништо повеќе за понудата“, изјави Чачиќ.,
Хрватските медиуми засега се убедени дека се работи на трансфрерот и тврдат дека македонскиот репрезентативец добил понуда каква што не може да одбие. Динамо по вчерашната победа има 11 бода предност на врвот, па затоа и не би правел проблем да го пушти да си замине.