Дома Македонски спорт Сега е сериозно: Адеми пред трансфер во Кина!

Сега е сериозно: Адеми пред трансфер во Кина!

Aријан Адеми би можел во следните неколку недели да го напушти Динамо Загреб и да се пресели во Кина, а според најавите на хрватските медиуми оввој трансфер најмногу зависи од денешното дерби против Хајдук.

И претходно се најавуваше дека постои опција Адеми да си замине, сега според информациите пристигнала богата понуда од Кина. Трансферот би можел да зависи од денешното дерби. Ако Динамо го победи Хајдук ќе избега на 11 и со тоа ќе направи сериозен исчекор кон нова титула.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Не се открива името на клубот кој се обидува да го доведе Адеми, но наводно станува збор за богата понуда со дополнителни гаранции за македонскиот репрезентативец.

Во Кина преодниот рк е отворен до 7-ми април и Адеми може да направи трансфер пред летото. Хрватските медиуми пренесуваат дека со две следни победи (сега против Хајдук и следниот викенд против Осијек), Динамо нема да прави никаков проблем затоа што и ќе има безбедна предност, а од трансферот добро ќе заработи.

Адеми и во минатото се поврзуваше со можно заминување, меѓутоа засега остануваше во Динамо и одбиваше понуди од Саудиска Арабија, Шпанија…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Лајпциг

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и ш…