Хакан Чалханолу му одговори на својот поранешен соиграч во Милан, Златан Ибрахимовиќ, кој за време на шампионската парада на „росонерите“ ги повика навивачите на тимот да скандираат против него.
„Тој е 40-годишен маж, а не 18-годишен, па јас не би направил такво нешто на негова возраст. Тој само сака да биде во центарот на вниманието. Тој не придонесе за скудетото оваа сезона и речиси не играше, но сепак ќе даде се од себе да биде во центарот на вниманието. Освен тоа, тој е тој што постојано ми се јавува, барајќи од мене да одам на вечера или да возам мотори. За мене пишуваше и во својата книга. Мораше да напише нешто, инаку страниците ќе останат празни. Не му одговарам, подобро да не му обрнувам внимание, да бидам искрен“, изјави Чалханолу.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сепак, јас сум многу среќен во Интер и навивачите многу ми помагаат. Играв во Милан четири години, но никој никогаш не го скандираше моето име на трибините, како што се случува секогаш кога само се загревам за Интер. Ние сме многу посилен тим од Милан. Го загубивме дербито, кое наеднаш се смени во 75. минута откако бевме заменети јас и Иван Перишиќ. Водевме 1:0 и загубивме 1:2, па тренерот придонесе за поразот и тоа му го кажав“, додаде Чалханоглу.