Екипата на Милан запиша пет победи во низа во Серија А и така стигна до третата позиција на табелата во италијанското првенство.
„Росонерите“ сега се зад лидерот Јувентус и Наполи, а играчот за врска на тимот од „Сан Сиро“ Хакан Чалханоглу тврди дека Милан не е далеку од ноќ каква што имаше Јувентус против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неговите зборови веројатно значат дека е убеден во пласман на Милан во Лигата на шампионите наредната сезона.
„Ние сме сред трката за пласман во Лигата на шампионите и убеден сум дека не сме далеку од ноќ каква што имаше Јувентус против Атлетико Мадрид“, верува фудбалерот на Милан.
Пред „росонерите“ овој викенд е големото дерби. Играат натпревар против градскиот ривал Интер и турскиот фудбалер пред ова дерби има јасна желба.
„Би сакал да му асистирам на Пјонтек за победнички гол. Тој и Пакета добро се снајдоа во нашиот тим“, изјави Чалханоглу, а потоа зборуваше за тренерот Џенаро Гатузо.
„Тој е човек кој носи многу позитивна енергија и овозможува тимот да игра на високо ниво. Исто така многу ми помогна и на приватен план. Имав понуди од други тимови во јануари, но тука сакам да останам подолг период“, изјави Чалханоглу пред дербито за викендот.