Дома Фудбал Останато Чави за Дембеле: Повеќе ништо не можам, чекам да се огласи

Чави за Дембеле: Повеќе ништо не можам, чекам да се огласи

Oсман Дембеле одлучи да ја одбие понудата од Барселона за продолжување на соработката.

Иако каталонскиот клуб беше спремен да му понуди нов договор. Дембеле преку својот агент побара финансиски условио кои клубот не може да му ги исполни. Медиумите пишуваат дека Французинот така го изневерил Чави затоа што на состаноците му зборувал дека сигурно ќе остане.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Чави сфатил дека Дембеле го лажел после последниот телефонски повик. Поради тоа каталонските медиуми пренесуваат дека стратегот на Барселона ја изгубил довербата во фудбалерот.

Денес за медиумите Чави порача дека не сака да зборува за Демебеле.

„Јас повеќе не можам да направам ништо. Мирно чекам да се огласи. Треба да излезе и да каже што мисли за неговата иднина. Јас мислам дека неговата иднина е Барселона“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Симонс ќе игра против Баерн Минхен, па го прави трансферот на кариерата

Доколку не дојде до пресврт, планот е Чави Симонс да ја започне средбата за РБ Лајпциг про…