Дома Останати Кошарка Евробаскет Црвено-белите повторно ја наведнаа главата: Вака не може против Олимпијакос

Црвено-белите повторно ја наведнаа главата: Вака не може против Олимпијакос

Олимпијакос вечерва рутински славеше против Црвена Звезда со резултат 85:59.

Домашниот состав беше фаворит во овој меч, а веќе во првиот дел покажаа дека во овој меч сакаат да дојдат до посакуваната цел. Екипата од Белград не се покажа многу во првиот дел, па истиот заврши со 22:13 во корист на Грците.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Почетокот на втората четвртина и припадна на Звезда која успеа да врати три поени негатива, меѓутоа, брзо домашните се врати и дојдоа до 10 поени предност. На одмор се замина со резултат 47:37.

По паузата на Олимпијакос одигра одлично, па својата предност ја зголеми на 18 поени и веќе тогаш прашањето за победникот беше решено. Во последниот дел домашните рутински ја завршија задачата.

Најдобриот поединец во победничкиот табор беше Холис Томпсон кој постигна 13 поени, додека кај гостите тоа беше Рочести со 20 постигнати поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Денвер пушти ѕвезда од 100 милиони, па го врати кошаркар со кој Јокиќ освои шампионски прстен

Денвер Нагетс го трејдуваа Мајкл Портер Јуниор и пик на првиот круг (2032) за Кем Џонсон. …