Играчот на Манчестер Јунајтед Хуан Мата донел изненадувачка одлука за продолжувањето на својата кариера.
Долго време се пишуваше дека Мата има намера да го напушти Манчестер Јунајтед, како потенцијални дестинации се споменуваа Фенербахче и Галатасарај, а исто така постоеше интерес и од Барселона. Сепак, 31 годишниот Шпанец одлучи да остане „Олд Трафорд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите причината за ваквата изненадувачка одлука на Мата е што интересот од Барселона се намалил, па Мата одлучил да потпише нов тригодишен договор.
Во минатата сезона шпанскиот играч за врска одигра 32 натпревари во дресот на Манчестер Јунајтед и постигна шест голови и додаде четири асистенции. Во овој клуб е од 2014 година кога за скоро 45 милиони евра пристигна од редовите на Челзи.
BREAKING: Juan Mata is set to sign a new three-year contract which will keep him at Manchester United until 2022. pic.twitter.com/OxbC97oIk5
— Transfer News (@TransfersLlVE) June 18, 2019