Македонската ракометна репрезентација го доживеа првиот пораз на Светското првенство, откако убедливо беше совладана од Хрватска со 31:22.
„Коцкестите“ и овој пат се покажаа пресилни за нашата репрезентација, која никако не може да пронајде „рецепт“ против Хрватска и го запиша 4-от пораз во меѓусебните пресметки.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На почетокот од мечот дуелот беше изедначен, но Хрватска полека почна до создава предност и на одмор замина со водство од 16:11.
Во второто полувреме игравме подобро, на стартот направивме серија од 3:0, но Хрватска се врати и рутински ја одржуваше предноста, а на крајот стигна и до убедлива победа.
Манасков со шест голови беше најефикасен во составот на Македонија, а го следеше капитенот Лазаров со 4 погодоци. За Хрватска најефикасен бепе Дувњак даде пет гола.
Фото: ЕПА