Дома Трансфер зона Храбар потег на Иско

Храбар потег на Иско

Реал Бетис потпиша едногодишен договор со поранешниот шпански репрезентативец, Иско, како слободен играч.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


31 годишниот Иско со својот претходен клуб, Севиља, договорот го раскина само после четири месеци откако се придружи на тимот, а тогашниот тренер Сампаоли рече дека поранешниот играч на Реал Мадрид не ги исполни неговите очекувања.

Искусниот везен играч, не играше скоро пола година, а во зимата пропадна трансферот со Унион Берлин, па сега се одлучи на храбар чекор и трансфер во Бетис. Познато е дека ривалството помеѓу Севиља и Бетис е најжешко, па сигурно нема да му биде пријатно на тоа дерби.

Иско пред Севиља играше за Валенсија, Малага и Реал Мадрид. Во Реал беше од 2013 година до 2022 година и освои се што може да се освои.

Репрезентативецот на Шпанија, во 38 наврати постигна 12 гола за националниот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ФИФА успеала во идејата: Потегот од ноември 2025 година открива дека сакале вакво полуфинале!?

Во полуфиналето на Светското првенство ќе играат четирите најдобри репрезентации во светот…