Најмалку петмина играчи и возачот на автобусот на нигерискиот клуб Ифанјани Убах се во критична состојба откако бил отворен оган врз нивниот автобус од разбојници маскирани во воени униформи.
Клупскиот автобус патувал кон Кано Пиларс, а нападот се случил некаде на половина пат. Информациите велат дека вооружените напаѓачи сакале да го ограбат автобусот и не знаеле дека се работи за фудбалски тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Нигериските клубови поради сиромаштија се присилени да патуваат на долги релации со автобуси по многу лоши патишта, со високо ниво на грабежи и сериозни сообраќајни несреќи.
„Повредените лица во моментот се лекуваат и се под третман на докторите. Ние сакаме да го искористиме ова за да апелираме до Федералната влада, како и регулаторните тела на фудбалот, за понатамошно интензивирање на мерки за да се обезбеди безбедност на тимови кои честопати немаат друг избор освен да патуваат на долги растојанија“, стои во соопштението на клубот.