Дома Фудбал Останато Холандски голгетер заработи потрес на мозокот кој му го спасил животот

Холандски голгетер заработи потрес на мозокот кој му го спасил животот

Рик Ван Волсвинкел настапувајќи за Витесе, Утретех, Спортинг, Норвич, Сент Етјен, Бетис и Базел постигна повеќе од 150 голови, а сега овој фудбалер случајно дозна нешто кое ќе му го спаси животот.

Тешкиот потрес на мозок кој го претрпе минатата недела во првиот натпревар од третото претколо во квалификациите за Лигата на шампионите за Базел против ЛАСК веројатно му го спасил животот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Холандскиот напаѓач кој има два настапи и за репрезентацијата со својот гол му донесе на Базел пласман во третото претколо, а тогаш на споменатиот натпревар во еден судар со противнички играч се здоби со потрес на мозок.

На снимката на глава сосема случајно му била откриена аневризма или абнормално проширување на крвните жили во мозокот. Како ппоследица на ова со текот на времето може да дојде до крварење на мозкот кое често пати завршува и трагично.

Значи на рутиснки преглед за повреда која е честа кај фудбалерите на Ван Волсвинкел му бил откриен „тивок убиец“.

„Многу сум среќен и благодарен што поради оваа повреда веројатно ми е спасен животот од фаталната болест. Сега е октирена на време, а предоцна. Ударот кој го добив во текот на играта и поради кој бев на снимање нема врска со аневрзимата, таа била тука од порано и ја не знаев дека боледувам од нешто“, порача Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Влаховиќ е ниво на Халанд, но во Јувентус има друг проблем“

Иако, е често критикуван оваа сезона, Душан Влаховиќ е втор најдобар стрелец во Серија А с…