Кошаркарот на Хјустон го потпиша најголемото продолжување на договорот во историјата на кошаркарата.
Џејмс Харден останува во Хјустон откако со тој клуб договори продолжување на соработката до летото 2023 година и ќе заработи вкупно 228.000.000 долари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, сегашниот договор на Харден со Хјустон истекуваше за две години, а неговата вредност е 58.000.000 долари. Значи го продолжи за уште четири години со загарантирана заработка од 170.000.000 долари, што најбогато продолжување договор во историјата на НБА лигата.
Според тој договор кој ќе важи до 2019 година, Харден ќе има годишна заработка од 42.500.000.
Со оглед на тоа што Харден веќе осум сезони настапува во НБА, имаше право да потпише договор според правилото кое се нарекува „Designated Veteran player extension“, односно најголем можен договор во склоп со заеднички договор во НБА.
Иначе, статисички гледано минатата сезона во досегашната кариера беше најдобра на Харден, тој имаше просек од 29.1 поен, 11.2 асистенции и 8.1 скокови по натпревар.