Дома Останати Кошарка НБА Леброн блесна како во најдобрите денови, Лејкерс подобри од Хјустон 🎥

Леброн блесна како во најдобрите денови, Лејкерс подобри од Хјустон 🎥

Иако за нешто повеќе од еден месец ќе го прослави својот 39. роденден, Леброн Џејмс игра како во своите најдобри денови.

Лејкерс стигнаа до четвртата победа во последните пет натпревари по триумфот против Хјустон со 105:104, а убедливо најдобар на паркетот беше Леброн. Натпреварот ветеранот го заврши со 37 поени, погоди 14/19 од игра, 7/9 од линијата за слободни фрлања. Доминантниот настап го надополни со уште осум асистенции, шест скока и три освоени топки.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За Леброн ова беше петти натпревар сезонава во кој постигна 30 или повеќе поени. Само пет поени му недостасуваат на „кралот“ да ја помине границата од 39.000 во кариерата и тоа веројатно ќе се случи во следниот натпревар против Јута.

Покрај Леброн, на натпреварот со Хјустон се истакна и Ентони Дејвис со 27 поени и 10 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Бруклин – Филаделфија 99-121

Торонто – Детроит 142-113

Индијана – Орландо 116-128

Кливленд – Денвер 121-109

Далас – Сакраменто 113-129

Јута – Феникс 137-140

Мемфис – Бостон 100-102

Портланд – Оклахома 91-134

ЛА Лејкерс – Хјустон 105-104

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Победи на Белградскиот маратон, за малку ќе поставеше и рекорд – па се сруши на патеката!

Кениецот Гилберт Кимплетинг Чумба победи на Белградскиот маратон кој се одржа денес со вре…