Дома Фудбал Италија Хаос во Милан: Бобан против Газидис, бара состанок со сопствениците

Хаос во Милан: Бобан против Газидис, бара состанок со сопствениците

Лоша атмосфера и поделеност владее во раководството на Милан, на една страна Малдини и Бобан, а на друга извршниот директор Иван Газидис.

Бобан преку медиумите го обвини Газидис дека им „работел зад грб“ и дека преговарал со Ралф Рангник без да им каже за тоа.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„До пред неколку дена мислев дека не е вистина дека во Милан има две струи, и покрај тоа што имавме илијадници потешкотии, културни разлика и многу различна пасија за каузата на росонерите. Фактот дека ќе треба да разговараме за ова не е добар за било кој. Најлошо е што овој дестабилизирачки настан се случува во моментите кога тимот напредува и можете да ја видите напорната работа на Стефано Пиоли. Ова не е стилот на Милан. Барем не паметам јас“, истакна Бобан.

Како што јас ги гледам работите, обединетоста значи да ги делиме работите, обеднинетоста значи почит. На крајот од денот потребен ни е таков пристап, тоа е единствениот начин да работиме и да се чувствуваме добро.Веќе разговаравме со Газидис. За доброто на Милан потребен е што побрз состанок со сопствениците. Тие треба да имаат јасен став и за буџетот и за целите на тимот. Во суштина ние мора да го почитуваме тоа дека сопствениците мора да ги избалансираат сметките за финансискиот фер плеј, додека сопствениците мора да ги остават спортските резултати на оние кои ја претставувале историјата и вредностите на овој клуб“, додаде директорот на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…