Европската фудбалска Суперлига од вчера стана реалност, 12 клубови практично се отцепија и формираа приватна лига во која приходите ќе бидат многу поголеми.
12 клубови застанаа против УЕФА, а од европската куќа на фудбалот најавија тужба, но и остри санкции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо соопшти дека борбата и хаосот допрва започнуваат. УЕФА и ФИФА нема така лесно да се откажат.
Имено, прво беше објавено дека клубовите кои ќе настапат во оваа Суперлига не ќе можат да настапат во натпреварувањата под капата на УЕФА и ФИФА, меѓутоа сега стигнува и дополнителнување на оваа вест.
„Жртви“ можат да бидат фудбалерите. Според информациите УЕФА и ФИФА планираат да забранат настап на секој играч кој ќе настапи во оваа Суперлига во нивните натпреварување. Ова значи дека фудбалерите на големите европски гиганти кои ќе настапат во оваа лига не би можеле да играат на во ЛШ, ЛЕ, Европско и светско првенство, како и квалификациите за овие турнири.
Хаосот допрва почнува…
За форматот на новата Суперлига прочитајте – тука.