Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ и прволигашите на нов состанок: Утре ќе се решава ситуацијата со фудбалот

ФФМ и прволигашите на нов состанок: Утре ќе се решава ситуацијата со фудбалот

Утре во 12:30 часот ќе биде детално презентиран протоколот за тренинзи од страна на епидемиологот д-р Жарко Караџовски.

Фудбалската федерација на Македонија објави соопштение во кое најави решавање на ситуацијата со фудбалот во нашата земја. Соопштението ви го пренесуваме во целост:


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


“Фудбалската федерација на Македонија ги подготви и денеска пред претставници на координативниот кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус CoVid-19 ги презентираше сите услови од здравствениот протокол за враќање на фудбалските екипи на тренинзите и натпреварите со целосна одговорност, враќањето на фудбалските терени да биде максимално сигурно за сите учесници.

Токму тоа ќе биде една од важните теми на утрешниот состанок во „Куќа на фудбалот“ со претставници на клубовите од Прва МФЛ во насока заедно да се вратиме на фудбалските терени.

Координативниот кризен штаб за здравствена заштита пред неколку дена побара од ФФМ да подготви здравствен протокол, а федерацијата веќе го достави бараниот протокол до надлежните институции и до клубовите, а истиот утре (22. мај) од 12:30 часот ќе биде детално презентиран и од страна на епидемиологот д-р Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје.

ФФМ заедно со клубовите треба да донесе конечен став околу натпреварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ, а еден од главните услови  е да се подготват и насочат клубовите за враќање во вообичаениот тренинг и ритам за натпревари со точно утврдени мерки за заштита на здравјето на фудбалерите и сите други фудбалски работници“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…