Дома Македонски спорт ФФМ го усвои дневниот ред за редовното собрание на 12. март

ФФМ го усвои дневниот ред за редовното собрание на 12. март

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:

– У.О. на ФФМ го усвои дневниот ред за Редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија кое ќе се одржи на 12. март 2022 година во Скопје;


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


– У.О. на ФФМ ги утврди и усвои извештаите на органите и телата на федерацијата;

– У.О. на ФФМ ги усвои измените на Правилникот за судии и судење. Возрасната граница на судиите кои можат да бидат предложени на меѓународна листа на ФИФА судии е 47 години;

– У.О. на ФФМ ги усвои измените на пропозициите за Куп натпреварувањето во женска конкуренција; 

– У.О. на ФФМ ги усвои измените на Правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери;

– У.О. на ФФМ ги усвои измените на одлуката за тренинг компензација од 2011 година;

– У.О. на ФФМ ги усвои пропозициите за натпреварување во Детски лиги на ФФМ и назначи национални координатори за Детска лига; 

– У.О. на ФФМ донесе одлука за продолжување на проектот “Фудбал во училишта” во кои ќе бидат опфатени најмногу 100 основни училишта со учество на околу 5000 деца;

– У.О. на ФФМ го усвои предлогот за започнување реализација на проект за “Училишен фудбал за девојчиња”, (ученички 9-10 год.) кои ќе се одвива во училишта во најмногу 16 градови (каде што има женски фудбалски клубови) кои ќе опфатат 22-24 основни училишта со учество на 400-450 ученички од 4-то и 5-то одделение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…