Од ФФМ денеска го објавија официјалниот распоред со натпревари за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) која почнува на 6. август од 17 часот.
Повратникот во македонската фудбалска елитата, Вардар, почнува со Брера Струмица на гостински терен, а потоа е мега скопската пресметка против Шкупи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардар гостува во Струмица кај Брера во првото коло, шампионот Струга го пречекува новиот прволигаш, Гостивар.
Шкендија ќе гостува на Воска, а во Кавадарци Тиквеш ќе ја пречека екипата на Македонија ЃП.
Во скопска пресметка Работнички е домаќин на Шкупи, Силекс гостува кај Брегалница.
ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО
АП Брера Струмица – Вардар
Воска Спорт – Шкендија
Струга ТЛ – Гостивар
Тиквеш – Македонија ЃП
Брегалница – Силекс
Работнички – Шкупи
Веќе во второто коло, на 13. август е големото дерби меѓу Вардар и Шкупи кое веројатно ќе се игра на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Интересен дуел од второто коло ќе биде и мечот меѓу Шкендија и Струга Трим Лум.
Еве го и комплетниот распоред на мечеви за новата сезона во Првата лига. После двата круга, според пласманот на табелата ќе следи трет круг според Бергер, кој дополнително ќе се знае по завршување на 22-та рунда.