Денес Фудбалската Федерација на Македонија на еден од терените во тренинг центарот „Петар Милошевски“ одржа состанок со луѓе од 10 клуба во првата Лига во Македонија.
На денешниот состанок имаше претставници од: Вардар, Силекс, Шкендија, Ренова, Македонија Ѓ.П., Шкупи, Академија Пандев, Работнички, Борец и Струга Трим Љум. Од ФФМ тука беа претседателот Муамед Сејдини, потпретседателот Лазар Ракиџиев, генералниот секретар Дрилон Фаниу и претседателот на натпреварувачката комисија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По завршувањето ФФМ се огласи со официјално соопштение во кое разјасни што се зборувала на истиот:
“Конечна одлука за натпреварувачката сезона, ФФМ заедно со клубовите ќе донесе на нов состанок во најскоро можно време откако ќе ги добие препораките и мерките од протоколот за одржување тренинзи и одигрување натпревари од координативниот кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус ЦоВид-19.
На денешната средба претставниците на прволигашите се согласија дека поради органичената временска рамка нема услови да се одиграат сите преостанати натпревари до крајот од тековната сезона (13. натпреварувачки кола и ½ финале и финале од Купот на Македонија). По добивањето на протоколот за заштита од Корона вирус ЦоВид-19, федерацијата и клубовите ќе излезат со заеднички став околу евентуалното продолжување на првенството во скратен формат или целосен прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020.
Фудбалската федерација на Македонија, веќе е во процес на изготвување на протокол за одржување на тренинзи и одигрување на натпревари во услови на Корона вирус Ковид-19 и истиот ќе го презентира пред надлежните здравствени институции“, стои во соопштението.
Значи, главното од денешниот состанок е потврдата дека сезоната нема да се заврши во целост, додека деталите ќе се утврдат на наредениот состанок.