Нејмар во понеделник ќе го прослави својот 26-ти роденден, а роденденската забава ќе биде ден порано во Париз – па уште сега може да се каже дека тоа ќе биде фудбалска забава на годината.
Бразилецот потврди доаѓање на 50 гости од Бразил, а на сите ќе им плати авионски билети и сместување во Париз за луксузен викенд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Нормално, на тоа ќе се приклучат и бројни пријатели кои Нејмар ги има во Европа, како и членовите на семејството.
Една од главните ѕвезди сигурно ќе биде Бруна Маркезин, актерка и манекенка со која Нејмар ја обнови врската на крајот на минатата година.
Забавата ќе се одржи во еден луксузен ресторан во Париз, ќе присуствуваат многу селебрити личности од Бразил,а пропишан е и задолжителен дрес код – смокинг за мажите, свечени фустани за жените.