Дома Луд Спорт Фудбалерот на Војводина тепан од навивачите на клубот

Фудбалерот на Војводина тепан од навивачите на клубот

Навивачите на фудбалскиот клуб Војводина во соблекувалната по натпреварот во Лига Европа со Ружоберок физички се пресметале со играчот Никола Трујиќ, објави Б92 повикувајќи се на Дневник.

Десетина навивачи на Војводина, веднаш по поразот и елиминацијата во Словачка, од Ружомберок (2-0), влегле во соблекувалната и се обиделе физички да се пресметаат со Трујиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Еден од нив ме обвини дека влегол во расправија со навивачите, иако на никого не му се обратив. Потоа вториот од нив со тупаница ме удри по главата. Ми кажаа дека за навивачите сум непожелен во тимот, дека повеќе нема да играм и дека нема само на ова да се заврши и дека ‘ќе си го добијам’ по враќањето во Нови Сад. Тоа што се случи е вистинска катастрофа, во шок сум“, рекол Трујиќ.

Трујиќ порачал дека повеќе не е фудбалер на Војводина и дека ќе поднесе тужба против клубот и напаѓачите.

„Си ги собрав работите, се враќам во Белград. Размислувам преку УЕФА да го тужам и ФК Ружомберок, поради тоа што во соблекувалната имаше луѓе на кои таму не им е место. Вакви работи не се прифатливи во секојдневниот живат, а не, пак, на меѓународен фудбалски натпревар. Немам повеќе намера да го носам дресот на Војводина“, дополнил Трујиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…