Младиот Алжирец Исмаел Бенасер е прогласен за најдобари грач на овогодинешниот Афрички куп на Нации.
Бенасер со својата селекција ја освои шампионската титула откако во финалето го победија Сенегал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова е прва титула за Алжирците уште од 1990 година, воедно и прв пат еден нивни играч да биде најдобар на турнирот.
Претходно тоа признание го освои легендарниот Рабах Маџер.
Бенасер има 22 години и наскоро треба да потпише за Милан откако одигра две сезони во Емполи.
Ако тие сезони не беа доволни за навивачите да знаат дека Милан купува играч од кој многу се очекуваа, тоа што е избра за најдобар на турнир каде што играат навистина одлични играчи може да им биде доволен доказ. Останува да видиме како ќе се снајде во Милано.
https://www.youtube.com/watch?v=Jg0THBGFktI