Дома Фудбал Италија Проблем за Милан: Пиоли за натпреварот со Болоња остана без важен играч

Проблем за Милан: Пиоли за натпреварот со Болоња остана без важен играч

Репрезентацијата на Алжир доживеа рана елиминација на Африканскиот Куп на Нации, а тоа требаше да биде добра вест за Милан кој така можеше повторно да смета на одличниот Исмаил Бенасер.

Меѓутоа Бенасер во таборот на италијанскиот тим се вратил повреден. Италијанските медиуми пренесуваат дека на Бенасер му биле направени детални прегледи кои покажале дека се здобил со мускулна повреда.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Повредата за среќа на Милан не е сериозна, меѓутоа Алжирецот ќе мора да го пропушти натпреварот против Болоња кој е на програмата за викендот.

За овој натпревар тренерот Пиоли го нема на располагање и Самуел Чуквуезе кој се уште е дел од Африканскиот Куп на Нации, а на листата повредени се уште: Побега, Тиао, Томори и Калулу.

Натпреварот помеѓу Милан и Болоња е закажан за утре од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…