Eкипата на Барселона денес комплетираше уште еден трансфер и во своите редови го вреди Ориол Ромеу.
31-годишниот фудбалер важи за голем борец на позицијата последен играч за врска, а во Барселона доаѓа како играч кој ќе помогне во ротацијата, не се очекува да има првотимски статус.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Последната сезона, Ромеу ја помина во дресот на Џирона, како дел од договорот за враќање на Ромеу, Барса во овој тим го испрати Пабло Торе.
За Ромеу ова е враќање во клубот каде што ја започна кариерата. Станува збор за фудбалер кој беше дел од младинската школа, а потоа доби шанса во првиот тим на каталонците. На 20-годишна возраст направи трансфер во Челзи вреден пет милиони евра.
Oriol Romeu, third signing for FC Barcelona
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 19, 2023